Променливо облачно време со слаби врнежи од дожд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Облачно со повремени, главно слаби врнежи од дожд, а на планините над околу 1000 м.н.в со повремен снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 11 степени.
Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава. Утре вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Share.