ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Утрово 10 степени во Лазарополе, Попова Шапка, 11 Берово, 12 Маврови Анови, Битола, 13 Охрид, Крушево, 14 Претор, Прилеп, 15 Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, 16 Штип, Виница, Кавадарци, Дојран, 17 Скопје-Петровец, Тетово, 18 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, 19 Гевгелија.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 62 л/м2 наврнаа ци Берово, 39 Куманово, 37 Охрид, 33 Пожар, 17 Дојран, 13 Струмица, 4 Крива Паланка, Претор, 3 Демир Капија, 2 Штип, 1 Прилеп, Виница, Тополчани, Маврови Анови.

Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денеска променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Битола до 26 степени.