Утрово 14 степени во Крива Паланка, 15 Берово, 17 Скопје-Петровец, Виница, Крушево, 18 Тетово, Штип, 19 Демир Капија, Претор, Охрид, 21 Струмица, 22 Битола, 23 Гевгелија.
Најмногу дожд 66 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 52 Тетово, 18 Скопје-Петровец, 7 Штип, Виница.
Во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Битола до 30 степени.












