Утрово 7 степени во Берово, Лазарополе, 8 Маврови Анови, 10 Крива Паланка, Струмица, Попова Шапка, 11 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Битола, Демир Капија, 12 Прилеп, Штип, Гевгелија, Дојран, 13 Виница, Куманово, Крушево, 14 Скопје-Зајчев Рид.
Во текот на ноќта и утрово беше малку до умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. На места во текот на ноќта беше нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Битола до 24 степени.












