Утрово 7 степени на Попова Шапка, 8 Лазарополе, 9 Берово, 10 Маврови Анови, 11 Крушево, 12 Крива Паланка, 13 Претор, Охрид, 14 Виница, 15 Битола, Штип, Куманово, 16 Прилеп, Тетово, Струмица, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, 18 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 19 Велес, 20 Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно. Дуваше слаб ветер од променлив правец.
Денеска променливо облачно и посвежо, во западните и јужните делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Битола до 28 степени.












