ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ

Утрово најниска температура од 2 степени беше измерена на Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Лазарополе, Берово, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 9 Охрид, Претор, Куманово, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Виница, 11 Битола, Струмица, Демир Капија, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Гевгелија, Дојран, 13 Велес.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 40 km/h.  Утрово е сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните и јужните делови.

Врмето денеска променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. Во Битола до 22 степени.