ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И СО МАГЛА

Утрово -3 степени во Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Попова Шапка, Берово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Охрид, Велес, Куманово, 0 Кавадарци, Дебар, Виница, 1 Штип, Претор, 2 Демир Капија, 3 Струмица, 5 Гевгелија.

Во првата половина од ноќта преовладуваше ведро и студено време, додека во втората половина облачноста се зголеми. Утрово е умерено до значително облачно со слаб, а на повисоките места умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Во Битола до 7 степени.