Променливо облачно и студено со сончеви периоди

0
166

Висината на снежната покривка до уторово во 8 часот е 4 см во Виница, 5 Струмица, Гевгелија, 6 Д. Капија, 8 Битола, 10 Кр. Паланка, 12 Штип, Скопје, 13 Тополчани,18 Охрид, 20 Берово, Претор, 25 Скопје Петровец, 30 Дебар, 35 Тетово, 36 Ѓуриште, 60 Пожаране, 65 Крушево, 80 Лазарополе, 96 Маврово.

Утрово најстудено со -11 степени беше во Ѓуриште, -8 Маврово, Пожаране, -7 Скопје Петровец, Берово, Лазарополе, Крушево, Тетово, -6 Кр. Паланка, Штип, -5 Виница, Дебар, Скопје, -3 Д. Капија, Тополчани, Претор, -2 Охрид, -1 Прилеп, Битола, 0 Гевгелија, Струмица, Дојран.

Времето денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.
Највисоката температура преку денот ќе достигне од -3 до 3 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.