Променливо облачно и температура во Битола до 14 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови, особено во западните делови (локално над 15л/м2). Само на највисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови попладне ќе има услови за локална појава на грмежи. Температурата ќе достигне од 11 до 17 степени.

Утре ќе биде претежно суво, a во четврток претпладне повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. И во наредните два дена ќе дува засилен ветер, утре од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Од петок ќе настапи стабилизација, а за време на викендот ќе има и значително повисоки дневни температури.

Share.