Променливо облачно со слаб локален снег

0
377

До 8 часот висината на снежната покривка беше 1 см во Прилеп, Штип, Виница, 2 Берово, 5 Кр. Паланка, 6 Битола, Скопје, 10 Тополчани, 12 Тетово, 14 Крушево, 19 Ѓуриште, 26 Пожаране, 29 Лазарополе, 36 Маврово.

Најстудено беше во Маврово со -8 степени, -6 Пожаране, Лазарополе, Ѓуриште, -5 Крушево, -4 Кр. Паланка, Тополчани, -3 Куманово, Тетово, Виница, -2 Скопје, Берово, Штип, Прилеп, -1 Битола, 0 Охрид, Струмица, Д. Капија, Претор, 1 Гевгелија, Дојран.

Утрово облачно во северните делови, а кон југ со сончеви периоди. Дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Снег врне во Крива Паланка и во Маврово, но снег врнело во изминатите часови имало и во Ѓуриште и Крушево.

Времето денеска променливо облачно со слаб локален снег претежно на западот кој на југ ќе преминува повремено во дожд. Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата во интервал од 2 до 7 степени.

Утре преку денот и особено од попладне ќе започнат врнежи од дожд и дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе започне неколкудневен врнежлив период на постепен пораст на дневните температури. Утринските благо ќе се покачат но ќе останат околу нулата.