Променливо облачно со сончеви периоди, од утре дожд

0
153

Утринава во поголемиот дел од земјава преовладува ведро време со мала до умерена облачност, а во западните делови има локално зголемена облачност. По одделни котлини има магла и ниска облачност со намалена видливост која во Скопската котлина и Д. Капила се двоижи од 50 до 250 метри. Дува слаб ветер од променлив правец, особенона повисоките места и планините.

Времето денес:Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7до 15 степени.

 

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.

Времето во наредните денови: Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.