Променливо облачно со умерен северен ветер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Висината на снежната покривка до утрово до 7 часот е 4 см во Претор, 8 Тетово, 12 Охрид, 14 Ѓуриште, 35 Пожаране, 41 Крушево, 52 Лазарополе, 68 Маврово.

Најстудено со -7 степени беше во Лазарополе, -6 Маврово, -5 Крушево, Берово, -4 Кр. Паланка, -3 Ѓуриште, Пожаране, -2 Тополчани, Претор, -1 Виница, Струмица, 0 Д. Капија, Дебар, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Битола, 2 Гевгелија, Скопје, 3 Дојран.

Времето денеска променливо облачно со умерен северен ветер. Во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота. Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.

Share.