ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА БОЕНКАТА „НАРОДНАТА КУЛТУРА -ТРАЈНА ИНСПИРАЦИЈА“

Во рамките на 53. Илинденски денови – фестивал посветен на светскиот фолклор и на културно-научната размена, планирани се работилници за деца, селектирани се врвни изложби, испланиран е и традиционалниот стручен симпозиум кои ќе бидат убав вовед во фестивалските вечери.

Велат „Ако го оставиме светот на децата, тој ќе биде едно прекрасно магично место“. Па така во рамките на фестивалот и детска програма, во рамките на која се одржа и промоцијата на боенката „Народната култура – трајна инспирација“,во Битолскиот Завод и Музеј, а воедно започна и Детската ликовна работилница на истата тема. Оваа работилница претставува природно програмско надоградување на Државната изложба на детски ликовни творби.

Боенката ја промовираше Валентин Соклевски стручен соработник и долгогодишен главен координатор на фестивалот Илинденски денови.

Учесниците на работилницата можат практично и активно да проследат програмските делови на фестивалот „Илинденски денови“ и да создаваат творби инспирирани од обичаите, ората, носиите, инструментите и слично. Во рамки на работилницата беа реализирани предавања во врска со народната култура, духовното и материјалното културно наследство, институцијата музеј.

 Посетителите на годинешното издание на Илинденски денови ќе имаат можност да се нурнат во волшебните ритми, традиционалната музика, песна и игри, како и кореографиите што го одземаат здивот и што го прават фолклорот толку негувана уметничка форма. Овој настан е своевидна платформа и за стручната јавност, како и за уметниците и изведувачите со цел да ги споделат своите таленти и да ја прослават различноста на нивното културно наследство.