ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „МИСЛОВНИ ПАТЕКИ“ НА НЕШАТ АЗЕМОВСКИ

Во Зоолошката градина во Битола, беше промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски.

„Делата на Нешат живеат. Нешат се погрижи неговите раскази и поезија да бидат собрани во една книга. Ги пронајдов во компјутерот. Затоа сега ја промовираме  книгата“, истакна неговата сопруга Фатма Бајрам Аземовска која заедно со своите деца Леона и Даријан беа промотори на книгата.Аземовска додаде: „Настанот беше исполнет со премногу емоции, љубов, позитивна енергија и преубави луѓе, Ви благодарам на сите“. Издавач на истата е Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од  Битола.  Уредници на книгата  се м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, м -р Зоран Јанакиевски, Илче Стојановски и Милка Котевска.

Ученичката Ангела Петровска и менторката Снежана Илијевска од ОУ „Даме Груев“ – Битола беа наградени со скромни податоци за цртежот на тема „Да ја заштитиме планетата Земја“.

На настанот обраќање имаше проф. д-р Моника Марковска – претседателка на Ротари клубот Битола Широк Сокак и директорката на ЗОО Битола Елена Мирчевска.Благодарение на семејството на Нешат Аземовски оваа книга има можност да стигне до читателите. Книгата е започната да се пишува пред 15 години, но никогаш не стигнала да биде објавена.

„Мисловни патеки“ не е само книга, туку таа претставува една вистина за човек кој си ја претчувствува својата судбина и низ овие зборови искажува многу повеќе од она што е напишано. Нешат Аземовски беше роден 1973 година во Битола.

Битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека “промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“.

Ја основаше невладината организација „Биосфера“  како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, беше промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја, во кои беа вклучени многу  градинки, училишта, претпријатија, невладини организации.

Продажбата на книгата ќе биде од  хуманитарен карактер – со собраните средства ќе се купи училишен материјал за децата од загрозените семејства .