ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ПОЛН ПОГОДОК“ НА ВИКТОРИЈА БРДАРОВСКА

Во Битолската библиотека се одржа промоцијата на првото авторско дело на Викторија Брдаровска со наслов ,,Полн погодок”.

Рецензенти на ова дело беа проф. д-р Лазе Јаќимоски и проф. д-р Гордана Тасевска, а лектор Христијан Аџиоски. Авторот и уредник на оваа новела Брдаровска пред присутните истакна: ,,Преполната сала со битолчани е полн погодок за мене!”.

Викторија Брдаровска е родена на 25 јуни 2003 година во Битола, каде што го завршува своето основно и средно образование. Добитник е на над 70 сертификати од повеќе области, претседателка на здружението ,,ВИКТОРИ”, младински активист, студентка на Правен факултет и член на Правна клиника, заменик-претседателка на Локален волонтерски совет при Општина Битола, а од денес и автор. Порано се занимавала со спорт и фолклор.

,,Полн погодок” е моето прво авторско дело кое е пишувано цели четири месеци. Ова е дело во кое се “бакнуваат” храброста и упорноста, а пред сѐ човечноста. Животот е игра со која ние управуваме од џојстикот, ние сме архитектите на своите судбини. Посебна чест и гордост ми беше што говорев пред преполна сала на луѓе кои одвоија дел од своето драгоцено време,

да присуствуваат на промоцијата на ова дело. Животот е најтежок испит во кој многу луѓе препишуваат без да знаат дека секој има различен испит и не оставаат траги, туку газат на туѓите стапки“, додаде Брдаровска.