Промовирани нови 14 доктори на науки на битолскиот Универзитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По повод 25 април Денот на основањето на  Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола , денес беа промовирани нови 14 доктори на науки  кои се одлучиле своето образование да го надоградуваат на Универзитетот, а со нивните докторски трудови покажаа и докажаа упешност и квалитет во нивната професионална област.

-Деновиве универзитетот го слави Денот на основањето, а вообичаено поради таа пригода организираме многубројни настани. Еден од настаниете е промоција на новите доктори на науки. Денес ќе промовираме 14 доктори на науки во повеќе области, и тоа од туризам, од економски науки, од јавна администрација, технички науки, педагосшки науки итн. Генерални сите факултети кој што функционираат во рамки на нашиот универзитет работат активно да излезе кадар од нашиот универзитет со највисок степен на научно звање, рече  проф. д-р Сашо Коруновски ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

На оваа свеченост доктори на науки имаше и од соседните земји Косово и Албанија. Досега на универзитетот „Св.Климент Охридски“, докторирале околу 300 доктори на науки. Ректорот Коруновски вели дека бројката на нови доктори на науки е константна.

-Идната година славиме 40 години постоење, докторирале досега 300 доктори на науки, и како често што велам тоа се 300 амбасадори на нашиот универзитет ,дел се во нашиот универзитет а дел се по сите меридијани низ Европа и светот, додаде ректорот Коруносвки.

Во петок по повод основањето на битолскиот универзитетр ќе се одржи win-win Форум и Свечена седница на Сенатот.

 

Share.