Промовиран зборникот „Сто години од пробивањето на Солунскиот фронт“

Промовиран зборникот со научни трудови од Симпозиумот одржан пред три години по повод 100 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт. Во зборникот се претставени околу 30 тина научни трудови од познати историчари, научни работници и книжевници. Промоцијата ја организаираше Заедницата на Србите од Македонија во Битола.

„Заедницата на Србите во Македонија веќе подолг период работи на културата на сеќавање, а таа култура на сеќавање за нас е многу важна порадаи Кајмакчалан, поради Првата светска војна и за сите случување што биле овде во градот.Пред 3 години во 2018 година одбележавме 100 години од пробивањето на Солунскиот фронт каде што многу животи се изгубени, околу 5500 српски војници настрадаа, така што имавме една голема желба да направиме едно дело кое ќе остани за нас, за нашите потомци и за оние кои што се занимаваат со историјата и за оние кои што ги црпат сите познати и непознати податоци за Кајмакчалан и за Првата светска војна“, рече Зоран Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите во Македонија од Битола.

На промоцијата извадоци од објавените трудови читаше Силвана Петрова -Насух, а Зборникот го промовираа претседателот на Заедницата на Србите од Македонија во Битола Зоран Жугиќ и претседателката на Националниот совет на србите Гордана Јовиќ Стојковска.

„Она што посебно не радува е тоа што еве после три години од одржувањето на прославата и одбележувањето на 100 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт, а исто така и одбележувањето на сите тие наши досегашни достигнувања, одржувањето на Симпозиумот кој беше во организација на Заедницата на Србите во Македонија и одржувањето на регионаланата конференција на Националниот совет од регионот, успеавме конечно после многу труд да ја објавиме оваа книга.Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на сите луѓе кои учествуваа во работата, бидејќи за да се направи една ваква книга навистина е тешка работа и секако бара средства. Вечерва ќе го претставиме зборникот и ќе позборуваме за историјата. На самиот симпозиум учествуваа гости, историчари  и други научни работници од цел регион и им дозволивме да го кажат своето видување, видување за она што било од Првата светска војна, она што било значајно, она што било важно, она што било херојско, а исто така да проговорат и за сегашното време, за сегашните односи меѓу Македонија и Србија и мислам дека тоа ќе остави голема трага на идните генерации и ќе ги поттикне сите наши млади да на некој начин го наследат, т.е сочуваат она што ние се обидуваме, односно да го сочуваме сеќавањето, од незаборав да ги спасиме сите тие споменици, сите тие успомени  на толкуте многу жртви на безумие, како што е секоја војна е големо безумие, но од друга страна  да го негуваме пријателството, почитувањето и взаемното познавање, бидејќи ако не се запознаеме, ако не знаеме што сакаме, ако не се почитуваме себе си, нема да ги почитуваме ни другите. Ова дело е баш тоа да ги почитуваме сите луѓе и да го почитуваме минатото онакво какво што е “, рече претседателката на Националниот совет на србите Гордана Јовиќ Стојковска.

На промоцијата присуствуваше и пратеникот во македонскиот парламент Иван Стоилковиќ.

„Во зборникот се обработени преку 30 трудови од македонски и српски историчари и тоа беше една од најуспешните конференции на оваа тема одржани на територија на Р.Македонија. Одбележувајќи ја првата годишница на кој начин да се претставиме на македонската јавност и бејќи таа конференција беше многу квалитетна и беа застапени многу историчари од поранешна Југославија, сметаме дека од таа конференција најдобриот тракт е најдобро да го побликуваме на овај начин, да остане трага не само за генерациите што доаѓаат после, ако ништо друго барем да ги запознаат елементарните историски случувања на оваа територија пред 100 и повеќе години“, рече пратеникот Иван Стоилковиќ.

Зборникот беше промовиран во чест на одбележувањето на 103 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт и 105.-годишнината од битката на Кајмакчалан, како и по повод Денот на српското единство слобода и национално знаме. Промоцијата беше збогатена и со културна програма.

Сподели