Промовиран крими романот „Пајажина од тајни“ на Ивана Балтовска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во организација на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола, во НУ Центар за култура од Битола во малата сала се одржа промоција на крими-романот „Пајажина од тајни“ од романсиерката Ивана Балтовска од Битола. Романот е во издание на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола и е носител на признание за афирмација на македонскиот јазик и литература, што го доделува издавачот за книжевни дела со трајни уметнички вредности, а промотор на романот беше Никола Илијовски, адвокат од Битола.

Книгата моментално може да се пронајде кај издавачот или авторот, а за скоро време ќе ја има и во книжарниците.

Ивана Балтовска е родена во 1997 година и е студент на постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје, а овој роман „Пајажина од тајни“ ја одбележа минатата година како едно од најуспешните изданија од областа на прозата, информира издавачот.
На промоцијата извадоци од книгата читаа Христина Костовска и Андреа Наковска, ученички во Гимназијата „Јосип Броз Тито – Битола“, а под менторство на Даниела Петровска, професор по македонски јазик и литература.

Share.