Денеска на два факултети од Универзитетот Свети Климент Охридски – Битола, беа одржани свечености за промоција на магистри и доделување дипломи.
Економски Факултет -Прилеп на 24.12.2024 г. одржа свеченост на која пригодно се промовирани дипломирани економисти и магистри по економски науки.

Присутните студенти и членови од нивните семејства, академски кадри и гости од општествено политичкиот живот на Прилеп ги поздравија деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, од име на УКЛО, проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

На Економскиот факултет – Прилеп во изминатите 64 години дипломирале 7712 студенти, магистрирале 655 и назив доктор на науки стекнале 111 студенти.
На Факултетот за безбедност – Скопје доделени беа дипломи на студенти на прв и втор циклус студии.
Со свечена промоција на дипломирани и магистри, Факултетот за безбедност – Скопје, единица на УКЛО во своето алумни семејство вклучи нови интелектуални потенцијали.

Во својот повеќедецениски развој, Факултетот за безбедност – Скопје бележи бројни успеси во високото образование, секогаш внимателно и посветено градејќи ја науката за безбедноста.
На свеченоста промовирани се 11 магистри на науки и 66 дипломирани студенти на прв циклус студии. Од име на најдобро дипломираните на Факултетот за безбедност – Скопје се обрати Игор Герасимовски на кој му беше врачена пофалница и парична награда.

Фото: официјална фб страна на УКЛО












