Промоција на„Пред некое време” на Тихомир Јанчовски

Во Центарот за култура се одржа промоцијата на книгата „Пред некое време” на авторот Тихомир Јанчовски– поет, професор, преведувач и колумнист.
Песните содржани во неа се теми за љубовта, пријателството , промашувањата, осаменоста, барањето на смислата.
Многу од песните се смислени и напишани токму на улиците на нашата Битола.
„Тихомир А. Јанчовски е наш драг соработник и пријател и задоволство е што повторно го избра Центарот за култура Битола за место каде неговите стихови ќе добијат живот„, истакнаа од Центар за култура.
Книгата е пишувана пред „короната“, од летото 2018 до есента 2019 година.
„Таа е првиот дел од диптихот, а вториот е збирката „Несреден век“. Дел од песните се пишувани токму во Битола, или се однесуваат на неа, зашто во тоа време често престојував во градот на конзулите, на Широк Сокак, во чаршијата, главно во центаро на градо… Темите во „Пред некое време“се истите, како и во останатите мои книги: љубовта, смрттта, лажната љубов, бесмртноста, вечноста, барањето на смислата и бесмисленоста на чекањето таа самата да дојде… Малку се начнати и некои општествени аспекти, како корупцијата, идентитетот или дезориентираноста на единката во општествените лавиринти. „, истакна авторот.
На промоцијата, песни читаа: Маја Андоновска-Илијевски,
Билјана Темелкова Бејковска, Димитар Ѓорѓиевски и секако
Тихомир Јанчовски .
Фотографии Диоген Хаџи Коста Милевски.

 

Сподели