Промоција на Боенка „Народната култура – трајна инспирација“

Илинденските денови почнаа. Годинава и со проширена програма. Речиси десетина дена настани поврзани со овој фестивал.
Деновиве во битолската „Магаза“ беше промовирана боенката „Народната култура – трајна инспирација“.
Во неа се поместени наградени творби од последните три изданија на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“.
„Во текот на својата историја огромен број луѓе создавале, работеле, твореле дела од кои што е создадена народната кутлурна ризница.
Се до денешен ден, секоја генерација ја чувала и надоградувала народната култура, за ние денеска да имаме свој дел во светскиот мозаик за културни вредности.
Со цел тоа културно богатство да не се заборави, да биде темел, основа на творештвото на нашата генерација и генерациите што доаѓаат, пред повеќе децении е воспоставена Државната детска ликовна изложба на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
Од тогаш па до денес, илјадници деца ширум државата, водени од грижливата рака на своите педагози, напоени од изворот-нараодната култура, создавале свој уметнички свет, кој преточен низ детската бујна фантазија и пренесен со палавата детска рака во уметничка творба, предизвикуваше воодушевување кај бројниот аудиториум кој ја следи изложбата од  формирањето до денеска.
Разгледајте ги, обоете ги, тие нема ве поведат во понатамошното истражување во народната култура, за следната година да испратите своја творба на изложбата, порача организаторот на фестивалот.
.
Сподели