Промоција на граѓанското движење ЛДП и ДОМ во Битола

Создаваме ново граѓанско движење, го обединуваме гласачкото тело на центарот и ги отвараме вратите за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон ова движење, беше речено на денешната промоција на граѓанското движење на ЛДП и ДОМ во Битола.

Рекоа дека подготвени се за соработка со сите кои што си го сакаат градот и дека проблемите ќе ги решаваат во дослух со сите.

Валентин Груевски кој е член на ЛДП и претседател на Советот на општина Битола рече дека во следните месеци им претстои тешка битка во која ќе треба да им се спротивстават на двата големи политички блока, но и дека нивна обврска ќе биде да понудат алтарнатива не само на тие блокови, туку и на едно како што рече радикално и според него фашистичко движење кое со евтин и гол популизам, со празни и многу опасни тези се посериозно се наметнува во политичкиот простор, особено кај младите луѓе. Груевски рече дека за да се спротивстават на тоа ќе им треба храброст, а со самото присуство вечерва на оваа промоција, докажале дека ја имаат.

Маја Морачанин претседателката на ДОМ рече дека оваа иницијатива дошла сосема спонтано, бидејќи и ДОМ и ЛДП се партии кои што се прогресивни, проевропски и во чии фокус на делување точно е приоритет граѓанинот.

И до сега биле со граѓаните, граѓанските иницијативи, експерите и затоа рекоа дека ќе ги отворат нивните политички партии и за нив, бидејќи во сите населени места, низ целата држава е потребно да се искористи целиот капацитет кој што го имаме за да обезбеди здрав и квалитетен живот за граѓаните. Рече дека тоа се нивните заложби за претстојните локални избори.

Претседателот на ЛДП Горан Милевски кој е и министер за локана самоуправа рече дека маглата е тоа што големите политички партии кон локалните избори се однесуваат како кон парламентарни избори со вечните пораки од кои веќе сме изморени, да ја биде или да не ја биде државата, ги прогласуваат изборите за своевиден референдум, за или против актуелната власт.

„За таа цел сеат страв, неизвесност, но и креираат неочекувано високи ветувања кои секоја година завршуваат со уште поголеми разочарувања на граѓаните. Каде ја доведоа Битола со ваквото однесување во овие 30 години независноист. Од град бисер, центар на сите случувања во држвата ја доведува до град без перспектива за младите. Секој ден слуашаме како некој млад ја напушта држвата со својата фамилија и се отселил во странство. Тоа е така затоа што управувањето на Битола не може да се води со политиканство, со корупција или со недоверба кон луѓето и без визија за развој на градот. Потребни ни се експерти, потребно ни е знаењто на секој наш талентиран жител, потребно ни е да ги вклучиме најспособните луѓе во локалната самоуправа со искуство и признанија, а не заслужните партиски војници. Големите партии поради гломазноста, поради воспоставениот ситем на потреба од послушност на членовите и едноумието кое што владее кај нив, едноставно имаат спуштено рампа за овие млади талентирани луѓе, кои не трпат покорност и неправда и кои не сакаат да членуваат во политички партии. Нашата цел е да ги мобилизираме сите нив, да ги мотивираме сите граѓани кои мислат како нас, да се вклулат и заедно да покажеме дека можеме да направиме промени и во Битола“ рече Милевски.

Излези од маглата, приклучи се, направи промени е нивното мото.

„Да излеземе од маглата, значи да излеземе од неспособноста и поделбите и да го промениме концептот на делување, да размислуваме стратешки и со визија каде треба да биде секој наш град во наредните десет години, како ќе изгледа Битола во наредните десет години и како да го направиме градот подобро место за живеење“ додаде Милевски.

 

Сподели