Промоција на книгата „Анапурна, агонија и молитва“ од Здравко Дејановиќ во Битола

0
905

53 годишниот планинар е единствениот на Балканот кој ги има искачено моќните врвови К2 и Анапурна, два од 14-те планински врвови во светот кои се издигаат над 8000 метри надморска височина.

Успешното искачување и спуштање на овие врвови се смета за еден од најтешките и најсмртоносни подвизи во алпинизмот, далеку потежок од искачувањето на највисокиот Монт Еверест, кој Дејановиќ исто така го има искачено. Сите искачувања се посебни вели тој но психички неверојатен врв е Анапурна, на овој врв успеале да се искачат 191 планинар.

Предизвиците и жртвата при освојување на овој врв Дејановиќ реши да ги сложи во книгата „Анапурна агонија и молитва “. Додека пак промоција одржа и во Битола.

– Се трудев книгата да не биде само книжевно дело , туку сакав да биде и прирачник за секој еден што сака да се упати на еден врв над 8.000 метри, книгата да му е од корист. Во книгата објаснувам какви се врвовите кои техники треба  да се употребат, што може таму да ве очекува , значи книгата е и прирачник и мој филозофски поглед кон самото искачување, вели Дејановиќ

Најважната поука е дека од секој голем неуспех треба да излеземе многу позрели и појаки и со поголема верба дека можеме.

– Подготовките се континуирани, неопходно е да се држи физичка кондиција, ментална состојба на качувачот затоа што врвовите над 8.000 метри се доста захтевни и ризични, и неопходно е да се биде припремен, секој врв си има различна природа и карактер, за секој врв ете лично јас различно се припремам , изјави Здравко Дејановиќ алпинист

Од друштвото на планинари од Битола со голема поддршка за Дејановиќ, велат дека тој претставува жива легенда за алпинизмот во Македонија.

Во Битола има многу успешни планинари алпинисти, но друштвото нема средства за подршка велат планинарите.

Новата хималајска авантура на Дејановиќ е искачувањето на третиот по височина хималајски врв, Кангченџунга (8.586 метри), кој се наоѓа на границата помеѓу Непл и Индија.