Промоција на книгата „Белешки 88 -014“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во петок 19 октомври 2018 во К.Ц. Магаза во Битола со почеток од 19:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Белешки 88 -014“ од авторот Тихомир Стојков. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев и арх. Валентин Светозарев. „Теориски извонредно втемелена, методолошки оригинално и ефектно конципирана, книжевно возбудлива, естетски прочистена и уверлива, оваа книга претставува вистинско ремек дело за архитектурата“, напиша проф. д-р Ферид Мухиќ за оваа книга.

Share.