ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ ПУШТИ ГИ НЕКА ЗБОРУВААТ“

Книгата „Пушти ги нека зборуваат“ на младата авторка Марија Бакиевска беше промовирана во Офицерскиот дом во Битола. Изданието на збирката поезија е на „Златно перо“. Моќта на пишаниот збор е во неговата достапност до илјадници души. Оние кои пишуваат раѓаат светови, остават завети, живеат илјадници ликови, пророкуват и сето тоа спакувано, со препознатливиот мирис на хартија нам ни го остават на дофат.

„Ова е книга која ќе ве поттикне да размислувате зошто му даваме толку важност на тоа што другите го зборуваат за нас и како да се ослободиме од оковите на зборовите кои нѐ врзуваат денови, месеци, па дури за жал понекогаш и години“ –вели поетесата Марија Бакиевска за својата прва книга поезија.

Мариа (24) е по потекло од Битола, во моментов живее и работи во Загреб, и вели дека збирката поезија „Пушти ги нека зборуваат“ е остварување на нејзиниот сон. „Книгата длабоко ќе ве соочи со вашата уникатност и неспоредливост, ќе се согледате низ огледалото на саморефлексијата, пристигнувајќи до љубовта која треба да си ја дадете на самите себе и на крај ќе ве охрабри како да го чувате срцето во просторот на слободата“, вели авторката. Промотор беше  издавачот на книгата Јулијана Наумовска. Песните во оваа збирка зборуваат на пет теми: пушти ги оние кои зборуваат (од каде доаѓа и самиот наслов на книгата), себерефлексија, ти си ти, љубовта кон себе и чувај си го срцето.