Најновата книга на авторот Јован Илиески, „Татко ми, Босфор“, свечено беше промовирана во Тетово. Книгата е во издание на издавачката куќа „Антолог“.
„Долго го чекав моментов и сигурен сум дека ова е најдоброто од мене досега. Пресреќен сум што мојот нов роман е во рацете на Антолог. Инспирацијата ја има насекаде. Јас овојпат, ја најдов во Истанбул“, изјави Јован. Промотор на книгата беше професорот по англиски јазик, Перо Сарџоски кој имаше само пофални зборови за младиот автор.

Ова е прва соработка на Илиески со Антолог. „Се надевам дека го оправдав вашето чекање и новиот роман „Татко ми, Босфор” ќе го прочитате со исто срце како што и јас го напишав“, вели за крај Илиески.
Тој претходно ги напиша: „Соба 610“, “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ” и “Ноќта кога ја напуштив Прага”. Дел од материјали телевизија Кис Тетово.












