Промоција на Skoda Karoq во Битола и новиот албум на Лозано

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници автосалонот на Шкода Јосифов од Битола со изненадување за битолчани. На Широк Сокак промовираа еден од своите модели и заедно со него го промовираа и новиот албум на Влатко Лозаноски – Лозано насловен како „Десет“ што означува 10 години од почетоко на неговата музичка кариера.

Лозано во негова изјава дадена за медиумите истакна дека нема да прави класична промоција на неговиот најнов албум, а оваа промоција на Широк Сокак во соработка со Шкода Јосифов привлече доста внимание кај битолчани.

Шкода Карок под мотото „Самодоверба на прв поглед“ е спој на елегантни линии и динамични форми кои создаваат перцепција на SUV со робустен дизајн и самоувереност кој цврсто стои пред вас и е подготвен за секакви предизвици. Веднаш забележливи се задните лед светла, кои покрај ниваната стандардна С форма, сега дел се протегаат и на задната врата давајќи острина и уникатност на задниот дел од овој убавец.

Лед светлата не значат само исклучителна видливост, туку изгледаат извонредно. Применета е напредна лед технологија, давајќи им на задните светла добро препознатлива кристална структура која може да се забележи од страна. Кога ќе ја отворите вратата ќе го забележите осветлениот знак со логото Шкода, проектиран на подлогата со избор од 10 бои.

Компактен Шкода SUV кој уште од првиот поглед се разликува од останатите со својата автентична смелост, свежина, исклучителност и динамичност. Подготвен за секакви предизвици и авантури, новиот Карок ќе ги надмине сите ваши очекувања. Посетете го салонот на Шкода Јосифов во населба Довлеџик и одберете го вашиот омилен модел на Шкода.

фото: Дино Нечевски

Share.