СВР Битола соопшти дека вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во дом на лице од Битола.
При извршениот претрес пронајдени се 1488 парчиња различни видови пиротехнички средства.
Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со лицето извршен е службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.












