Пронајдени се ГМО во кочански ориз и во соја од Србија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атансов, на прес конференција соопшти дека при контрола за квалитет на храната и присуство на Генетски модифицирани организми, забележано е присуство во два производа, и тоа во кочански ориз и соја увезена од Србија.

Производителот на оризот е соодветно казнет, а сега се истражува од каде е набавено семето , бидејќи е утврдено дека ГМО потекнува од таму.

„Производите се наоѓаат под официјален надзор и се чека нивно уништување. Операторите се санкционирани со казна од 5 000 евра, додека одговорното лице во фирмите со казна од 1 700 евра“, изјави Атанасов.

За производите на компанијата која ја увезла сојата, додава тој, се чека супер анализа, бидејќи операторот по закон може да побара дополнителни испитувања.

Директорот додава дека граѓаните не можат да препознаат која храна е со ГМО додека истото не биде декларирано на производот.

Според нашето законодавство, подвлече директорот, производството на ГМО-храна е забрането.

Тој на прес-конференцијата додаде и дека Агенцијата утврдила оти кај 5 оператори покрај декларацијата за говедско и свинско, во меленото месо имало и делови од живинско потекло. Тие се казнети со по 5 илјади евра.

Share.