Пронајдени се 44 тела, а постои веројатност дека се спасиле осум, а не седум луѓе

Пронајдени се 44 тела, а постои веројатност дека се спасиле осум, а не седум луѓе, сепак само седум во моментот се во болница, велат бугарските обвинители.

Портпаролот на главниот обвинител, Сијка Милева рече дека при распитот еден од преживеаните рекол дека се спасени осум лица, а не седум. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја проверуваат верзијата за да видат дали има уште еден преживеан и каде е тој. Можно е некој од патниците во автобусот, кога влегле на територија на Бугарија да се префрлил во некој од другите автобус кои биле дел од организираната тура.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите.

Милева изјави дека главниот обвинител Иван Гешев наредил да се изврши увид на сигнализацијата и обележувањето на патни правци од прва категорија низ државата. Во увидот ќе бидат вклучени странски експерти како и претставници на невладини организации. Доколку се соберат податоци за сторено кривично дело, истите ќе бидат испратени до надлежните органи

Сподели