Битолската полиција соопшти дека вчера било пријавено дека во 20.15 часот на место викано „Топташ” во Прилеп бил пронајдено починато 46 годишното лице од Прилеп, за кое истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот.
Како што стои во соопштението на полицијата, смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.