Просветните работници на протест пред општината

0
4481

Над 70 тина просветни работници вработени во градинките, основните и средните училишта како и вработени во административно и техничките служби останале без работа. Денес околу 15-тина од нив протестираа пред општинската зграда и побараа средба со градоначалничката Петровска. Велат дека наместо да им се продолжат договорите, на нивно место биле вработени нови лица кои што немале положено приправнички испит.

-Ние сме претставници на координативното тело на отпуштени образовни работници во последниот период од основните и средните училишта, од градинките и вработени во административно-техничките служби. Денес бараме средба со градоначалничката за да ни објасни зошто на лица што работат повеќе од две години во овие институции не им е продолжен и трансформиран работниот однос. На некои од местата се донесени нови наставници кои што немаат положено ни приправнички испит. Не интересира зошто покрај правните се нарушени и моралните и етичките вредности во образовниот процес на кој што самиот тој процес не учи, рече Гордана Јаначиќ поранешна вработена во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Гордана Станоевска поранешен економ во ОУ „Коле Канински“ добила отказ како технолошки вишок.

-Во врска со моето работно место е добиена трансформација од определено на неопределено работно место, јас добив отказ како технолошки вишок, а веднаш по мојот отказ вработено е ново лице, рече Гордана Станоевска.

Велат дека не било побарано транформација на работен однос иако имало можност за тоа

-Комисијата за трансфотрмација беше укината, сега е првата можност за трансформација на работен однос на овие лица. Треба да се исполни одреден период во работен одност па да се побара трансформација, додаде Јаначиќ.

Се консултирале со правници, а повеќето од нив имале покренато и судски постапки.