Прослава по повод симнувањето на маските

Вака денес жителите на Западна Австралија, поточно во главниот град Перт, го прославија укинувањето на мерките за заштита против ковид 19. Тоа значи нема повеќе маски, нема растојание, а нема ни забрана за групирање, како и работа на ноќни клубови и музички настапи.

Западна Австралија уште од почетокот на пандемијата воведе ригорозни рестриктивни мерки со цел да ги заштити нивните жители од оваа пандемија, така и се случи. Во текот на пандемијата поточно во изминатите 10 месеци немаше регистрирани случаи на коронавирус.

На крајот на јануари беше регистриран само еден случај на позитивен на корона, чувар на хотелски комплекс кој се заразил од туристи кои требало да бидат во карантин во истиот хотел. После таа регистрација на тој еден и единствен случај, Перт и цела западна Австралија ги следуваше 5 дневен карантин, со рестрикции во движење, затворени училишта, носење на маски, држење растојание и почитување на сите протоколи предвидени за овој вирус.

И само после 5 дена, Перт се соочи со 0 регистрирани нови случаи на коронавирус, а полицијата и властите таму се заблагодарија до своите граѓани, за свесноста која ја поседуваат и што без никаков проблем сите заеднички со почитување на мерките се избориле против ковидот.

Од друга страна пак, поточно на другиот крај на Австралија, сликата не е иста како во Перт. Денес Сиднеј ја прими пратката вакцини Фајзер од Европа без некакви церемонии.

Владата соопшти дека над 142.000 дози пристигнале на пристаништето во Сиднеј. Меѓу првите вакцинирани на 22 февруари ќе бидат медицински лица, жители на домови за стари лица и вработени во хотели-карантин.

Во секој случај церемониите остануваат за прославите низ кафулињата, рестораните и ноќните клубови, еве како изгледаат прославите во ноќните клубови низ Перт, после укинувањето на мерките.

Нам ни останува да се надеваме дека за скоро време ќе го доживееме овој момент, каде заедно сите би се избориле, што побрзо да заврши пандемијата и поскоро да се вратиме во нормалата која ја имавме.

Сподели