Прослави за Денот на основањето на битолскиот Универзитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со турнир во баскет и пикадо, битолскиот универзитет  „Св. Климент Охридски“ ги започна активностите по повод одбележувањето за Денот на основањето 25 април. На турнирот учествуваа студенти од сите високообразовни единици кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет.  Први на паркетот во спортската сала „Павел Шатев“ баскет заиграа студентите од Техничкиот факултет со своите противници од Студенскиот дом од една страна, а од другата страна натпреварот го започнаа студентите од Правниот факултет со своите противници студентите од ФИКТ.

За натпреварите во пикадо се пријавиле 25 студенти. Еден од нив беше и минатогодишниот победник Александар Жоглев, студент на Правниот факултет.

Натпреварите во баскет ги судеа судии од кошаркарската федерација на Македонија. И годинава за најдобрите во двете дисциплини имаше пехари и медали а ќе ги додели Ректорот на универзитетот проф.д-р Сашо Куруновски.Во среда исто во спортската сала Павел Шатев ќе се одржи мини ревијален турнир во ракомет помеѓу машките ракометни екипи на универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, Универзитетот „Гоце Делчев„ од Штип и Универзитетот „Св.Кирили и Методиј“ од Скопје.

 

Во рамки на Чествувањето по повод денот на основањето утре во просториите на старата касарна со почеток во 11 часот ќе се одржи „УКЛО Тривиум„, натпревар по ораторство. во среда ќе бидат промовирани новите доктори на науки, а во петок ќе се одржи win-win Форум и Свечена седница на Сенатот.

Share.