Вработените во сите подружници на „Пошта“ низ државата од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември. На протест излегоа и вработените од поштата во Битола.

„Денес протестираме за неусвојување на првиот заклучок од заклучокот кој го имавме усвоено од 15.10.2021, каде ја почнавме процедурата и каде го најавивме првиот протест за редовна исплата на платите во Македонска пошта. Постојат 12 заклучоци од кои испочитуван е само онај заклучок кога се зголеми платата линиеарно од 3000 денари. Се исплатија тие, а другите заклучоци не се донесоа, односно не се подобри финансиската положба на друштвото, баравме нови униформи, обнова на возниот парк, нова реорганизација, стабилизација финансиска преку план и програма, сето тоа не се усвои. Минатиот месец зедовме плата на 23-ти, а сега е 19-ти немаме земено плата во законски предвидениот рок. Протестите се одвиваат во тек на паузите на вработените, ќе продолжиме да протестираме се додека не се исплати септемвриската плата“, рече Игор Петковски, претседател на Синдикатот на Македонска пошта- Битола.












