Протестите продолжија со кафе на плоштад

Неколку седмици наназад, секоја недела на протестен марш против мерките за ограничување за невакцинираните лица, денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола си сварија кафе.

„Рает кафе-кафе на слободата“ вака го нарекоа денешниот протест со седење на плоштад.

Тие велат дека не се против вакцинацијата, оти и тие биле вакцинирани со многу вакцини во минатото, но дека се против начинот на кој тоа се прави.

Бараат повеќе информации од надлежните за вакцините против Ковид 19 и укинување на рестриктивните мерки за невакцинираните лица.

Сподели