ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИ ВО БЕЛГРАД ПРОТИВ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА

Повеќе илјади граѓани и свештеници се собраа вчера на протестниот митинг „Литии за спас на Србија“, пред зградата на Патријаршијата на СПЦ во Белград, од каде започнаа протестна прошетка која заврши пред храмот Свети Сава, каде патријархот Порфириј одржа Сенародна молитва за светоста на бракот и семејството.

Во обраќањето до присутните Порфириј рече дека Бог утврдил што е природно, а што неприродно. Тој изрази противење на Европрајд, велејќи дека иако се против оддржувањето на овој настан, сепак, тие не водат „крстоносна војна“ со припадниците на ЛГБТК+ заедницата, пренесува Танјуг.

На собирот беше истакнато дека целта на поворката е да се спречи одржувањето на манифестацијата Европрајд, со порака дека ќе се соберат иститот ден доколку во рамките на манифестацијата Европарајд закажана за 17 септември се одржи прошетка и доколку власта не го дозволи шетањето.