Протести во бело, 100.000 луѓе на улиците

0
365

Романската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократската партија (ПСД), во Букурешт одржа протест против „злоупотребите во правниот систем“.

Повеќе од 100.000 приврзаници на романската влада се собраа во главниот град облечени во бело во саботата во знак на протест поради наводните злоупотреби извршени од страна на антикорупциските обвинители, пренесе Вашингтон пост.

Владејачката Социјалдемократска партија смета дека обвинителите имаат премногу моќ и тврдат дека илегално ги прислушкувале телефоните и неправедно ги обвинувале службениците.

Премиерката Виорика Данчила и други министри присуствувале на протестот, на кој според полициските проценки се собрале околу 100.000 луѓе.

На транспарентите можело да се прочита „Стоп на сталинистички судења“ и „Сакаме правда, не политичка полиција“.

Лидерот на Социјалдемократската партија, Ливије Драгне кој се смета за најмоќна политичка личност во земјата, чека пресуда во корупцискиот процес на 21 јуни.

Драгне е осомничен дека формирал организирана криминална група и фалсификувал документи да дојде до средствата на ЕУ.

Поради пресудата од 2016 година за местење на изборите, Драгне не може да биде премиер.

Драгне неколку минути се ракувал со присутните кои го поздравувале додека одел кон бината на плоштадот Викторија, пренесе Адјерпрес.

Демонстрантите дошле во Букурешт од сите краеви на Романија.

На протестот бил и коалициониот партнер на ПСД, Сојузот на либералите и демократите (АЛДЕ).

mkd.mk