Протести во Грција против употребата на зборот „Македонија“

0
688

Грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, денеска ќе одржи протести во тринаесет поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“.

Според најавите, грчката организација ќе одржи протести во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики. Организаторите имаат поддршка од локалната самоуправа, од градоначалниците, но и од митрополитите.