Протести во Никарагва, убиени 15 лица

0
188

Вкупно 15 лица загинаа, а 199 се повредени за време на протестите во Никарагва во последните 24 часа, изјави министерката за здравство Сонија Кастро.

Очевидци велат дека провладините вооружени групи отвориле оган врз демонстрантите.

Крвопролевањето беше осудено од Епископската конференција на Никарагванската католичка црква како „организирана и системска агресија”.

Европскиот парламент ги осуди „бруталните репресии” во Никарагва и повика на предвремени претседателски избори, предвидени за 2021 година.

Протестите во Никарагва почнаа на 18 април, откако Владата на таа земја предложи реформи кои предвидуваат зголемување на социјалните придонеси. Претседателот на Никарагва Даниел Ортега ги поништи реформите, но протестите продолжија.