Протести во Ротердам против ковид-мерките

Стотици луѓе протестираа во холандскиот град Ротердам против заострување на мерките против ширењето на корона вирусот.

Тие палеа автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со предупредувачки истрели и водени топови за време на протестите.

Полицијата, како што пренесуваат медиумите беше принудена да испука предупредувачки и директни истрели кога ситуацијата станала животно загрозувачка, при што ранила две лица.

Други седуммина се повредени за време на демонстрациите, а 20-ина се уапсени.

Демонстрациите се против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија.

Сподели