Протести во Русија против инаугурацијата на Путин за четврти претседателски мандат

0
186
Russian police carrying struggling opposition leader Alexei Navalny, center, at a demonstration against President Vladimir Putin in Pushkin Square in Moscow, Russia, Saturday, May 5, 2018. Thousands of demonstrators denouncing Putin's upcoming inauguration into a fourth term gathered Saturday in the capital's Pushkin Square. (AP Photo)

Анти владини протести во русија. Илјадници поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални излегоа на улиците низ сите поголеми градови низ државата, против новиот шестгодишен мандат на претседателот Владимир Путин.

За време на протестите во Москва, кои не беа одобрени од градските власти, повторно беше уапсен водачот на опозицијата, Навални. Според дел од руските медиуми, тој во текот на вчерашниот ден морал да се крие од полицијата откако голем број на негови поддржувачи биле приведени.

„Плашливиот старец Путин мисли дека е цар. Тој не е цар и затоа треба да излеземе на улица на 5 мај. Доколку останете дома, неговата банда ќе ја уништи државата и ќе ви ја одземе иднината која ја заслужувате.” – се наведува во соопштението со кое Навални ги повика жителите на Русија да излезат на протести низ целата земја.

Во градот Томск е уапсена координаторката на Навални, Ксенија Фадеева, додека пак во градот Краснојарск, во Сибир, дошло и до судири меѓу полицијата и демонстрантите при што биле уапсени стотина лица. На рускиот далечен исток, во јакутск, приведени се најмалку 75 лица, а апсења имало и во градот Самара.

На изборите кои се оддржаа на 18 март, Путин победи со 76 отсто од гласовите.

Навални, кој објави серија извештаи во врска со корупција на владејачката елита во Русија, доби забрана да учествува на претседателските избори поради обвинијата за финансиска измама. Опозицијата и независни набљудувачи тврдат дека имало голем број на неправилности на изборите, како полнење на гласачките кутии и други изборни измами.

24.mk