Протести во светот за Денот на жената

0
222

На Меѓународниот ден на жената во светот се одржуваат протести поради родовата нерамноправност.

Во Шпанија се откажани тргнувањата на возовите, поради штрајк на вработените во железницата. Не сообраќа и метрото во Мадрид.

Феминистичките групи ги повикаа жените да трошат пари и на еден ден да заборават на домашните работи. Во Кина студентите на престижниот универзитет Цингхуа, денот на жената го одбележуваат со шеговити транспаренти на тема околу предложениот Уставен амандман за одбивање на ограничувањата на претседателот на земјата.

Собири во знак на одбрана на правата на работничките има и во Сеул, во повеќе други земји во азија, но и на Блискиот исток, во Европа и на Американскиот континент.