Протести во северна Грција против договор за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Илјадници Грци протестираа вечерва во десетици градови низ земјата против обидите за решавање на 27-годишниот спор за името со Македонија.

Околу 2.000 луѓе се собраа во Пела, родното место на Александар Македонски, но организаторите се надеваа на најмалку двојно повеќе.

Протестот, организиран од комитет поддржан од грчката дијаспора, свештеници и дел од градоначалниците, се одржа претежно во градови во северна Грција.
Помали собири имаше во централна Грција и на островите Крит, Родос, Крф и Кос.

sdk.mk

Share.