Протести низ Русија, уапсен лидерот на опозицијата

0
128

Рускиот опозиционер, Алексај Навални, денеска е уапсен во Москва, додека неговите приврзаници протестираат низ државата, повикувајќи на бојкот на претседателските избори. Навални ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите наспроти неговот апсење.

„Ме приведоа мене. Тоа ништо не значи….Не излеговте на улица поради мене, туку поради својата безбедност“ напиша Навални на Твитер.

Полицијата потврдила дека го уапсила Навални поради кршење на прописот во врска со организирање демонстрации.

Пријавени се неколку протести низ Русија, на кои учествуваат неколку десетина до неколку стотина демонстранти.

Претседателските избори се закажани на 18-ти март, а според анкетите, рускиот претседател Путин ужива поддршка од околу 80 отсто гласачи.

http://makfax.com.mk