Протести против вадината контрола врз медиумите во Унгарија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Илјадници Унгарци протестираа во саботата во Будимпешта против владината контрола врз медиумите, кои според нив му помогнале на премиерот Виктор Орбан во неодамнешната изборна победа, пренесе Ројтерс.

Овој протест е уште еден голем собир против Орбан по изборите што се одржаа на 8 април.

Демонстрантите од поделените опозициски партии бараат да се обединат против десничарската националистичка партија Фидес, која на неодамнешните избори освои две третини од местата во парламентот.

Агенцијата Франс прес проценува дека околу 30.000 луѓе се собраа на демонстрациите во главниот град на Унгарија.

mkd.mk

Share.