Независниот синдикат за образование и наука во Битола организираше протест за почитување на Колективните договори, како за функционерите, така и за просветните работиници.

Бараат 2,5 ( коефициент) по минималната плата.

Од протетсот побараа и достоинствено вреднување на трудот на просветните работници и рекоа не за спојување на наставните предмети, -Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование.

Од синдикатот велат дека како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права и достоинството на просветните работници, Независниот синдикат за образование и наука ги повикува сите вработените во секторот образование, братските синдикати како и граѓанскиот сектор да учествуваат во синдикалните протести.
Тој почна од пред Офицерскиот дом во Битола, а заврши на плоштадот „Магнолија“ каде имаше говори.












