Протест за повисоки плати

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Конфередерацијата на слободни синдикати  на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15.

Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

„Знаеме дека во јавната администрација веќе почнаа да се прават трансфер листи. Ние како синдикати не сме информирани за правењето на тие трансфер листи. Тоа се прави задкулисно, одредена група луѓе во одредени институции ги прават. Ние кажавме дека жестоко ќе се спротивставиме на тоа, затоа што треба прво да се донесат одредени законски решенија и начинот на кој треба тоа да се изведе. Но, и покрај тоа, еве кажуваме и тука, дека треба да сопре вработувањето во јавната администрација на партиски кадри и дека одливот на вработени од јавната администрација ќе биде природен во овие две-тригодини“ рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Share.