Протест за почист воздух

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Попладнево во Битола пред општинската зграда се одржа протест организиран од советничката група „Поинаку“, која преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните, невладините, политичките партии денеска во 16 часот пред зградата на општина Битола.

Со транспаретни побараа итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето. Упатија критики до надлежните за нерешавањето на овој проблем, како во минатите години, така и денеска.

Го повторија заклучокот од вчерашната седница на Советот со кој едногласно сите советници побараа од Владата на Македонија субвенционирана електрична енергија за Битола.

Поддршка добија и од невладина организација од Скопје.

 

Share.