Светскиот ден на здравјето е ден постветен на подигнуавње на свеста за здравјeто кај луѓето, а во одбележуавњето се вклучуваат државите, владите, невладиниот сектор и синдикатите; сите кои се занимаваат со здравствената проблематика без разлика дали од аспект на физичката, психичката и биолошката благосостојба на граѓанинот или во фокусот е ставена благосостојбата на луѓето кои се грижат за болните, пациентите – здравствените работници.
„По повод меѓународниот ден на здравјето Независниот медицински синдикат посакува подобро здравје на сите граѓани на Македонија , а тоа значи и помал обем на работа на здравствените работници. Со денешниот протест организиран од неколку синдикати, пред се сакаме да им посочиме на идните функционери и на идната влада, дека, за да имаме здрава нација треба да имаме квалитетно здравје, а тоа значи современи апарати, квалитетна обука и што е исто така важно добро платени здравствени работници.“ – рече денеска Снежана Велјановска од битолскиот огранок на овој синдикат пред битолската клиничка болница како симбол на сите здравствени работници во градот.
Здравствените работници будно ја следат состојбата со вработувањето на преку 1.100 лица кои заради изборите останаа на договори за дело или волонтерски договори. Во оваа прилика за нив бараат сигурност.
„Неселективно унапредување, вработување и пополнување на испразнетите работни места, усогласување на плата согласно законот за минимална плата, зголемување на платите, исплата на бенефициран стаж на местата согласно правилник за утврдување на работните места, на кој стажот на осигурувањето се смета за зголемено траење. Во здравството имаме голем егзодус на медицинскиот и помошно-технички персонал и затоа треба да имаат поголема плата, а не да ни заминуваат. Потребна е поголема информативност за отворање на паралелка за отворање за медицински сестри акушерки, имаме проблем во неквалитетни преквалификации, а со тоа и отсуство на професионалност, изедначување на бенефициран стаж на медицинската екипа во итната медицинска помош. И самите здравствени работници веќе немаат верба во здравството па на барање на членовите склучуваме договор за соработка со установи во приватното здравство.
Сите овие проблеми се точки кон системско решавање здравството во државата кој десетина години подлежи на рефрми. Од една страна се европските, светските стандарди , од друга понудудата на квалитетна здравствена услуга, особено во јавното здравство од кадешто е најголемиот трансфер на високообразованиот, средниот и средно-техничкиот персонал.











